Поднесена кривична пријава против градоначалникот на Боговиње

од Aleksandar Petrovski

СВР Тетово поднесе кривична пријава против градоначалникот на Општина Боговиње, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против правно лице од с.Боговиње, сопственост на М.А.(51) од с.Боговиње, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

„ Првопријавениот, во текот на месец јули 2020 година, како градоначалник на општина Боговиње, постапил несовесно во вршење на својата службена должност и овластување и, спротивно на законот, овозможил почеток на изградба на водовод за потребите на граѓаните на с.Синичане, тетовско, без да обезбеди потребна документација и одобрение за отпочнување на градба.

Притоа во име на општината, преку Јавното комунално претпријатие, Џ.A. дал насоки да се ангажира економскиот оператор, односно второпријавеното правно лице, чиј сопственик M.A., иако знаел дека за изградбата на водоводот не постои одобрение, го прифатил ангажманот и започнал со градежни активности“ соопшти СВР Тетово.

Слични содржини