Поднесена тужба од веган: Судот треба да одлучи дали веганството ќе се заштити со закон

од Nikola Popovski

Еден веган од Велика Британија поднел тужба, според која судот денес за првпат ќе донесе одлука дали веганиството е „филозофско верување“ поврзано со религијата.

Џорди Касамиџана вели дека бил отпуштен од „Лигата против сурови спортови“, откако открил дека тие инвестирале во пензиски фондови вклучени во тестирање на животни.

„Лигата против сурови спортови“ соопшти дека поранешниот вработен е отпуштен поради грубо однесување, па судот сега ќе одлучи дали веганството треба да биде заштитен со закон.

Касамиџана работел за здружението за заштита на животните „Лига против сурови спортови“ и вели дека кога тој го пренасочил вниманието на газдите да инвестираат во спорниот пензиски фонд, тие не сториле ништо, потоа ги известил своите колеги и бил отпуштен од работа, јавува Би-Би-Си.

Џорди Касамиџана, кој се опишува себеси како „етички“ веган, тврди дека бил дискриминиран врз основа на веганското верување.

Исхраната кај веганите е на растителна основа, но етичките вегани се обидуваат да ги исклучат сите форми на експлоатација на животни, како што се носење или купување волна или кожа облека, како и производи од компании за тестирање на животни.

За прв пат денес, Трибуналот за вработување ќе разгледа дали веганството е „филозофско верување“ поврзано со религијата и дали ќе биде заштитено со закон.

Доколку заврши успешно, случајот би можел на веганите да им овозможи да се заштитат од дискриминација при вработување, образование и давање добра и услуги, пренесува Би Би Си. Според нив, и други луѓе кои имаат слични верувања би можеле да побараат слична правна помош.

 

 

Слични содржини