Поднесена тужба поради смрт по вакцинирањето со „АстраЗенека“ во Франција

од Stefanija Kuzmanovska

Семејството на 63-годишниот маж кој почина во март во централна Франција од „мултипла тромбоза“ откако ја прими вакцината против коронавирус на „АстраЗенека“, поднесе тужба против непознато лице за убиство од небрежност. Државниот обвинител потврди дека тужбата е поднесена.

Ова не е прва тужба во Франција во врска со вакцината на британско-шведска компанија. Во Тулуз беше покрената тужба против неидентификувани лица по смртта на 38-годишна жена, а обвинителството во Нант отвори прелиминарна истрага по смртта на студент по медицина.

Париското обвинителство може да ги разгледа овие тужби како групен случај.

 

Слични содржини