Актуелно
Почетна / Слајдер / Поднесени 114 кривични за ширење на заразата, 451 прекршочна пријава за неносење маски

Поднесени 114 кривични за ширење на заразата, 451 прекршочна пријава за неносење маски

На денешната редовна 61-ва седница Владата ја разгледа информацијата за активностите на Министерството за внатрешни работи и на инспекциските служби за контролите и постапувањата по однос на спроведувањето на владините мерки за справување со корона вирусот за време на тековниот продолжен викенд.

Според информациите од МВР, во текот на денот биле поднесени 114 кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик, кои се однесуваат на дела со кои се овозможува пренесување заразна болест, како и 451 прекршочна пријава по членот 6 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба.

Припадниците на МВР во текот на денот извршија контроли и на лицата кои се во самоизолација, а Владата беше информирана дека во текот на наредните два дена ќе биде зголемен бројот на припадниците на министерството на терен, особено во градовите туристички дестинации во земјата.

loading...