Поднесени 134 приговори за заштита на избирачко право, 63 се прифатени

од Vladimir Zorba

До 15 часот излезноста на гласачите е 31,80 отсто од добиени податоци од 69,86 отсто од избирачките места. На овие избирачки места гласале
403 715 гласачи.

Според претседателот на ДИК, Александар Даштевски, ова е солиден процент на излезност на гласачите.

До одржувањето на прес-конференцијата до ОИК се поднесени 134 приговори за заштита на избирачко право, од кои 63 се прифатени, а десет се одбиени.

Претседателот на ДИК Даштевски ги соопшти и местата каде што имало прекин во гласањето, и наведе дека во седум избирачки места се гласа
со УВ ламба и спреј, како до претходните избори.

Слични содржини