Поднесени 2 кривични пријави за забавите во Градиште

од Vladimir Zorba

За забавите викендов на вторатата и третата плажа на Градиште, на кои не се почитуваа мерките пропишани поради епидемијата од коронавирусот, се поднесени 2 кривични пријави.

Од СВР Охрид напишале и 170 казни за неносење лична заштита на лицето.

Од Пазарниот инспекторат одделение Охрид велат дека на подрачјето на Струга во кафуле покрај Дрим наишле на попречување, па полицијата се вмешала во случајот и се преземаат дополнителни мерки.

На социјалните мрежи викендов се споделуваа видеа од Охрид на кои се гледаат забави на плажите со голема посетеност. Забележливо е дека никој од присутните не ги почитува мерките за заштита од коронавирусот.

Слични содржини