Поднесено обвинение против Рашковски од Обвинителството за организиран криминал

од Nikola Popovski

Во Кривичниот суд е поднесено обвинение од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, и против уште шест лица за проблематичните набавки на софтвери.

Ова доаѓа после отворената истрага за набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци кој никогаш не бил искористен, но и за биометриска идентификација на гласачи, за што постоеја сомнежи дека е негов личен изум.

Ваквиот развој на настаните обвинителката Русковска го најави пред десетина дена.

-Истрагата е во завршна фаза. Го добивме материјално-финансиското вештачење. Се чека уште едно вештачење, треба до следната недела да стигне и тоа и ќе се викаат осомничените да дадат своја одбрана, доколку сакаат, рече неодамна Русковска.

Слични содржини