Подољак: Планиран разговор меѓу Зеленски и Си, потешкотии поради немањето јасен став на Кина

од Stefanija Kuzmanovska

Планиран е разговор меѓу претседателот на Украина Владимир Зеленски и лидерот на Кина, Си Џинпинг, а во негова организација се вклучени кабинетот на украинскиот претседател и министерството за надворешни работи, изјави денеска советникот на кабинетот на Зеленски, Михајло Подољак.

Во исто време, Подољак изјави дека постојат одредени потешкотии во организирањето на разговорите меѓу Зеленски и Си, поради, како што наведе, „отсуството на јасна позиција на Кина во моментов за степенот на нејзиното учество во решавањето на воените прашања меѓу Украина и Руската Федерација“, пренесува „Интерфакс Украина“.

„Ова е доста тешко. Постои прашањето дека Кина сè уште не го најде своето ново политичко место. Односно, дали сака да го преземе прашањето за решение меѓу Русија и Украина или претпазливо ќе застане на страна. Колку што разбрав, Кина сè уште не го сфатила тоа самата“, рече тој.

Слични содржини