„Подобро е да бидеме изненадени од добар исход, отколку разочарани од лош исход“

од Берта Китинска

Формирање на нова бугарска влада до одржувањето на Европскиот совет на 16 и 17 декември е теоретски можно, но во пракса тешко изводливо покажува процедурата кај источниот сосед.

Најрано влада во Софија може да се создаде на 15 Декември, па малку е веројатно дека би имало време за еден ден да се изгради позиција за преговорите со Македонија. Бугарскиот амбасадор во земјава вели дека пред постигнување на договор меѓу двете дрќави прво треба да се формира влада.

Бугарскиот претседател Румен Радев во разговр со, Франк Валтер Штајнмаер посочил дека Македонија треба да покаже европска зрелост

-Шефот на бугарската држава изрази очекување за активен билатерален дијалог на високо ниво со Република Северна Македонија во кој ќе се решат спорните прашања во билатералните односи. Румен Радев посочи дека нашиот сосед треба да покаже европска зрелост и почитување на вредностите на ЕУ со преземање конкретни активности…, соопштуваат од кабинетот на Радев.

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров смета дека после изминатиот период од „циклуси на надеж, па разочарување, па надеж“, одговорно е да им кажат на граѓаните дека подобро е да бидеме изненадени од добар исход, отколку разочарани од лош исход, околу европскиот пат на Македонија и ветото на Бугарија.

-На само неколку дена од Советот за општи работи на 14-ти декември, би било крајно неодговорно да создаваме очекувања за тогаш, вели Димитров во интервју за „Клан Македонија“.

Според него, нас како држава ни се брза.

-Влогот е голем и за нас и за ЕУ. Вложивме многу во европската приказна. Дури и ЕК вели ако не почнат преговори со Македонија и Албанија, во регионот веќе нема да им веруваат. Имаме силни аргументи дека сме држава што решава прашања и има таква храброст и визија, рече Димитров.

Според поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски„владата кажува дека во декември ќе ги започнеме преговорите со ЕУ, само за да задржи власта“.

Ќе се обидам да не бидам циничен. Одговорно е да им кажеме на граѓаните дека ги лажеме дека ќе има договор со Бугарија. Декември е само фикција, вели поранешниот пратеник во емисијата „Вин-вин“.

Според него, „владата кажува дека во декември ќе ги започнеме преговорите со ЕУ, само за да задржи власта“.

-Три пати сум го кажал истото во периодов, потенцира Димовски и додава дека е апсолутно сигурен дека следната година ќе се одржат предвремени парламентарни избори.

Слични содржини