Поевтинуваат бензините и дизелот

од Берта Китинска

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,39% во однос на одлуката од 6.07.2022 година.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,021%, кај дизелот за 4,102%, кај екстра лесното масло за 4,591% и кај мазутот за 3,082%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,085 ден/кг и сега ќе изнесува 51,564 ден/кг.

Од 8.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 105,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 108,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,564 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,508%, соопшти РКЕ.

Слични содржини