Поевтинуваат горивата

од Берта Китинска

Од ноќеска повторно ќе поевтинат горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика реши цената на бензините да биде намалена за еден денар, а на дизелот за 1,50 денари.

Според тоа, новите цени на горивата се:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 58,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС–98 60,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 24,549 (денари/килограм)

Слични содржини