Погачици без квасец: Се подготвуваат за половина час

од Stefanija Kuzmanovska

Ако ви снема идеи што да подготвите за јадење, рецептот за брз погачици е одлично решение. Се прават брзо и лесно, а нивниот вкус е незаборавен.

Состојки:

550 грама брашно
2 јајца
1 жолчка
1 лажица прашок за пециво
100 мл масло
1/2 чаша кисело млеко
200 мл јогурт
сусам

Подготовка:

Изматете ги јајцата, додадете го прашокот за пециво, јогуртот, киселото млеко, маслото и брашното и замесете тесто.

Веднаш потоа со сукало развлечете го тестото на набрашнета работна површина и со чаша извадете ги погачиците. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

Погачиците премачкајте ги со изматена жолчка и посипете ги со сусам.

Загрејте ја рерната на 200 степени и печете ги 25 минути.

 

Слични содржини