Погба: Бев во депресија кога работев со Мурињо

од Nikola Popovski

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, откри дека неговата соработка со менаџерот Жозе Мурињо била далеку од идеална.

Тие двајца соработуваат на „Олд Трафорд“ нешто помалку од две и пол години, а нивниот однос дефинитивно се влоши кога Мурињо во септември 2018 година го отстрани францускиот фудбалер од заменик капитен.

„Сум доживеал депресија многу пати во кариерата, но кога сте депресивни не сакате да зборувате за тоа.  Понекогаш не ни знаеш дека си во депресија“, вели францускиот играч од средниот ред.

„Се започна додека работев со Жозе Мурињо. Бидејќи добро заработувате, сите мислат дека треба и да сте среќни. Сепак, ние не сме суперхерои, туку обични човечки суштества“.

Погба се врати во Јунајтед од Јувентус во 2016 година за тогаш рекордни 89 милиони фунти. Заедно со Мурињо ја освои Лигата на Европа и Лига купот. Португалецот доби отказ во декември 2018 година, а актуелниот договор на Погби истекува на лето.

Слични содржини