Погба ги негираше пишувањата: Ќе го тужам „The Sun“

од Nikola Popovski

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, во понеделникот ги отфрли извештаите во медиумите дека ја напушта француската репрезентација поради коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон дека исламот е извор на меѓународен тероризам.

Овој месец, откако еден исламски радикал обезглави учител во Франција, францускиот претседател му објави војна на „исламскиот сепаратизам“, кој според него го преземаат муслиманските заедници во Франција.

Британскиот весник „Сан“ пишува дека Погба, кој е муслиман, реагирал на изјавите на Макрон објавувајќи дека ја напушта репрезентацијата.

„Неприфатливо“, напишал 27-годишниот Погба на својот профил на Твитер со налепница „лажни вести“, ставајќи ја насловната слика од „The Sun“.

„И повторно The Sun го стори тоа“, додал тој.

„Апсолутно сто проценти неосновани вести за мене, што сум стоил или што никогаш не сум рекол или размислувал. Јас сум згрозен, лут, шокиран и фрустриран што некои медиуми ме користат за лажни наслови во чувствителни теми од француското секојдневие.

„Јас сум против каква било форма на тероризам и насилство. За жал, некои новинари не се одговорни кога пишуваат вести, ја злоупотребуваат својата новинарска слобода, не проверуваат дали е вистина тоа што го пишуваат и создаваат синџири за озборувања без да се грижат дали влијае тоа за животите на другите луѓе и за мојот живот “, продолжи Погба, додавајќи дека ќе поднесе тужба против весникот.

Слични содржини