Погба го напушта Јунајтед, а овие три великани го посакуваат

од Nikola Popovski

Пол Погба ќе го напушти Манчестер Јунајтед ова лето, а има многу заинтересирани за неговиот потпис.

Францускиот играч за врска веќе подолго време го одложува потпишувањето на новиот договор со „црвените ѓаволи“, а сегашниот му истекува за година и пол. Тоа беше сигнал на „Олд Трафорд“ да му се дозволи на Погба да замине и на тој начин барем да собере добра отштета, пренесува „Дејли Мирор“.

„Мораме да најдеме начин да го извлечеме од Манчестер. Неговото време истече таму“, изјавил агентот на Французинот, Мино Рајола.

Пандемијата на коронавирус целосно го смени пазарот, па Јунајтед не се надева дека ќе ги врати сите 105 милиони фунти (118,3 милиони евра) што ги плати на Јувентус пред пет години.

Сепак, од клубот ќе се обидат да ја подигнат цената што е можно повеќе, бидејќи во овој момент три великани прашуваат за неговите услуги.

Британскиот весник наведува дека Реал Мадрид може да се обиде да го договори овој трансфер, но само откако ќе ја испита ситуацијата со приоритетните засилувања Килијан Мбапе и / или Ерлинг Браут Холан.

Во моментот кога „кралевите“ внимаат на секое евро и немаат многу за трошење (поради што Серхио Рамос е на работ на заминување), тешко е да се очекува овој трансфер да се случи.

Засега најголемите шанси ги има ПСЖ бидејќи Погба е играчот кој недостасува од средниот ред. На „Паркот на принцовите“ парите не се пречка, но прашање е дали Погба би сакал да игра во францускиот шампионат.

И на крајот, не треба да го заборавиме Јувентус, кој работи на начинот на НБА-клубовите во последните неколку години. Трговијата со играчи стана зачестена, и сега тие се подготвени да го испратат Пол Дибала во пакет што ќе го привлече Погба. Според некои информации, тие се подготвени да го понудат дури и Кристијано Роналдо.

Слични содржини