Погба и Ридигер во пријателска прегратка: Само ме грицна, не е тоа за картон

од Stefanija Kuzmanovska

Она што се случува на теренот останува на теренот. Па и тоа да било гризење. Сцената кога Антонио Ридигер ги потпира забите на грбот на Пол Погба го одбележа – заедно со автоголот на Матс Хумелс – дербито помеѓу Франција и Германија, ги згрози љубителите на фудбалот ширум светот, а не повредената страна.

Згора на тоа, играчот за врска на Манчестер Јунајтед не му зеде за зло на дефанзивецот на Челси, бидејќи го нападна пред очите на целата планета, слично како Луис Суарез, кога Уругваецот своевремено ја „проба“ кожата на Бранислав Ивановиќ и Џорџо Кијелини.

Иако, не беше толку импресивно. Можеби затоа Погба ги смирува страстите.

„Ние сме пријатели. Ништо сериозно не се случи. Тоа можевте да го видите гледајќи ги снимките“, крева раменици францускиот репрезентативец, потенцијално добро расположен поради минималната победа во првото коло од групата Ф.

Интересно, судијата Карлос дел Кверо воопшто не го санкционираше Ридигер, ниту ВАР интервенираше во ова, иако тој е активиран и за многу други случаи.

„Сè е готово, останува зад нас. Јас дури и не барав жолт или црвен картон за Антонио. Само малку ме грицна. Да, го почувствував тоа, му рече на судијата и донесе соодветна одлука. И подобро е што тој не му покажа картон на Ридигер. Јас не го сакав тоа. Тој би заработил суспензија заради мене“.

Дека недоразбирањата се „измазнети“ можеше да се види по завршувањето на натпреварот, за време на пријателскиот разговор на средината на теренот.

„Се познаваме долго време. На крајот од натпреварот се бакнавме“, додаде халфот.

Слични содржини