Погба: Или јас, или Жозе!

од Vladimir Zorba

Пол Погба е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед, ако Жозе Мурињо остане во тимот, пренесе весникот „Сан“.

Според изданието, односите меѓу двајцата тотално се уништени и весникот дури тврди дека неговиот агент Мино Раиола веќе преговара со Реал Мадрид за трансфер во текот на летото, а и Јувентус има опција да си го вратат.

„Работите меѓу нив стигнале до критична точка. Пол јасно покажа дека не сака да остане, ако Мурињо е менаџер“, изјави извор од „црвените ѓаволи“.

Проблемот е дека Португалецот неодамна го обнови договорот до 2020-та. Евентуален неуспех сепак во битката за Топ 4 и елиминација од Лигата на Шампионите може да помогне на фудбалерот во оваа борба.

Се започна од позицијата на Погба на теренот, откако тој преферира да има поофанзивна улога, додека често Жозе го поставуваше пред одбраната заедно со Матиќ. Ова доведе до пад во неговата форма и во последните натпревари дури на неколку пати беше оставен резерва.

Се тврди дека двајцата се скарале сурово на тренинг, што конечно го натерало Погба да побара промена. Денес тој се очекува да биде стартер против Челзи во важниот натпревар и за двата тима.

Слични содржини