ПОГБА НАЈВЕРОЈАТНО ОСТАНУВА ВО ЈУНАЈТЕД: И тоа со астрономска плата!

од Vladimir Zorba

Долго се шпекулира за продолжување на кариерата на Пол Погба, чиј договор со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на сезоната.

Шпанските и француските медиуми наизменично го „селат“ во Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, а Италијанците понекогаш го споменуваат неговото враќање во Јувентус.

Сепак, како што пренесе „Атлетик“, Погба е најблиску до останување на „Олд Трафорд“.

Се очекува Французинот да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ со покачување на платата што ќе го направи најплатениот играч на тимот со 470.000 евра неделно.

Погба веројатно бил убеден да остане со засилувањата што ги донесе клубот ова лето, пред се доаѓањето на Џејдон Санчо и Кристијано Роналдо, со кои Јунајтед стана еден од главните кандидати за титулата во Премиер лигата.

Французинот покажа дека му се допаѓа атмосферата на „Олд Трафорд“ со одлични игри во првите четири кола во кои веќе забележа седум асистенции.

Во текот на целата претходна сезона, тој имаше вкупно девет во сите натпреварувања, и пет во ПЛ.

Слични содржини