Погба нема да оди никаде во јануари, тврди Солскјер

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер уште еднаш изјави дека играчот од средниот ред, Пол Погба ќе остане во клубот барем до летово. Норвежанецот не сакаше да ги коментира гласините за интересот на „црвените ѓаволи“ за напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез.

Волците и Јунајтед одиграа реми без голови синоќа во 1/32 финалето на Купот на фудбалската асоцијација.

„Погба нема да оди никаде во јануари. Гласини за Хименез? Тој денес одигра одлично. Во принцип, ова е уште еден класа играч поврзан со трансфер во Манчестер Јунајтед. Немам намера да коментирам за вакви шпекулации“, рече Солскјер, цитиран од Би-Би-Си.

Во овој шампионат, Погба учествуваше само на шест натпревари, во кои направи две асистенции. 28-годишниот Хименез постигна 11 гола и асистираше за осум на 27 одиграни натпревари за Волците.

„Преигрување е подобро од елиминација“, рече Солскјер за ремито со Волверхемптон. „Секогаш е тешко да се игра во ФА Купот и денес добивме уште една потврда за тоа. Волците имаа ситуации, но Серхио Ромеро беше прекрасен во неколку наврати. Ова момче никогаш не не изневерило. Серхио е одлична личност и професионалец. Го сакам ФА Купот. Фер е да се каже дека треба да одиграме уште еден натпревар“.

Слични содржини