Погба постави услов за повторно да потпише со Јунајтед

од Vladimir Zorba

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе го продолжи договорот со клубот, но само доколку се исполни еден важен услов.

Според „Екип“, Французинот сака да го надмине Кристијано Роналдо по плата и да стане најплатен играч на „црвените ѓаволи“. 36-годишната ѕвезда моментално заработува 480.000 фунти неделно, а моменталната плата на Погба е 290.000 фунти.

Договорот на светскиот шампион истекува на лето, а на почетокот на неделата се повреди на тренингот на репрезентацијата и се очекува да отсуствува од натпревари околу 10 недели.

По веста, некои медиуми на Островот сугерираа дека Погба можеби го одиграл последниот натпревар за Манчестер Јунајтед, бидејќи предвидуваат дека сепак нема да биде потпишан нов договор.

Слични содржини