Погба се додворува на ПСЖ: Сакам да играм со Нејмар

од Vladimir Zorba

Најскапата аквизиција во историјата на Манчестер Јунајтед – Пол Погба, навести дека сака да игра со Нејмар во ПСЖ.

Францускиот репрезентативец има сериозни проблеми на „Олд Трафорд“ и го загуби стартното место. Како капак, 24-годишниот играч се скара и со менаџерот Жозе Мурињо и шпекулациите во англиските медиуми за негов трансфер по крајот на сезоната не задоцнија.

Името на Погба е поврзувано со вообичаените осомничени – Реал Мадрид и Барселона, како и со враќање во италијанскиот хегемон Јувентус, каде Јунајтед го купи во 2016 година за рекордни тогаш 105 милиони евра.

Самиот Погба даде нов повод да се шпекулира околу неговото име со изјавата: „За мене ќе биде чест да играм со Нејмар. Многу ми се допаѓа неговата техника, вештините. Цел свет знае на што е способен. Пред две години ми кажа дека ќе се вклопам добро во Барселона и му се допаѓа како играм. Ми се чини дека фудбалот му пружа задоволство“, рече Погба.

Оваа сезона францускиот репрезентативец има 27 натпревари и 3 гола за Јунајтед на сите турнири.

Слични содржини