Погба во конфликт со навивачи – пцовки, навреди, кавга и брза реакција на легенда (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Вистински спектакл беше виден во Лондон на натпреварот помеѓу Вест Хем и Манчестер Јунајтед. Пресврти, промашен пенал, протести на Кристијано Роналдо поради недосудени единаестерци …

Јунајтед успеа да освои три бода (1:2), иако губеше, но во судиското надополнување, Марк Нобл промаши за израмнување. И тоа беше неколку десетици секунди откако влезе во игра наместо Џаред Боуен, само за да шутира пенал.

Сепак, натпреварот не беше само во фокусот на настаните на „Олимпискиот стадион“. Кога судијата Мартин Еткинсон свирна крај, дојде до конфликт помеѓу Пол Погба и навивачите на домашниот тим.

Поддржувачите на „чеканите“ упатуваа сочни пцовки кон францускиот играч како „пи * ко“, му се закануваа, викаа да замолчи, а тој не се обидуваше да ја смири ситуацијата. Напротив, застана пред нив и дополнително ги провоцираше што само уште повеќе ги иритираше.

Зад него стоеше Бруно Фернандеш, а пред него легендарниот играч на „црвените ѓаволи“ Мајкл Карик. Токму помошникот на Оле Гунар Солскјер кој одигра клучна улога и спречи ескалација на конфликтот. Го зграпчи Погба и насилно го одвлече во соблекувалната.

Слични содржини