„Погба во Реал? Ништо не е невозможно…”

од Vladimir Zorba

Во Реал Мадрид, незадоволни по елиминацијата од Челси, подготвуваат промена на генерацијата, а прв на списокот на оние кои ќе го напуштат клубот е Еден Азар.

Белгиецот не покажа ништо откако дојде во кралскиот клуб, а последната сламка беше неговото несоодветно однесување на мечот против неговиот поранешен клуб Челси, па затоа мадриѓаните сакаат што побрзо да се ослободат од него.

Не е познато каде офанзивниот играч би можел да ја продолжи кариерата, но славниот агент Мино Рајола има можно решение. Имено, тој верува дека е можна размена помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал, во која Пол Погба би се преселил во Мадрид, а Азар во Манчестер.

„Погба во Реал Мадрид е тешка, но не и невозможна работа. Што ако Реал понуди размена Азар-Погба? Ако тоа го сакаат и двете страни, зошто да не?“, рече Рајола, чиј клиент е францускиот фудбалер од Јунајтед.

Прашањето е дали Азар му треба на тимот од Олд Трафорд во оваа форма.

Слични содржини