Погледнете ја мајсторијата со која синот на италијанската легенда ја украси победата на Јувентус (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Федерико Кјеза постигна прекрасен погодок во победата на Јувентус од 3: 0 над Специја во 25-тото коло од италијанската Серија А.

Тоа беше втор погодок на италијанскиот шампион на натпреварот, а „падна“ во 71-вата минута, откако најголемиот дел од работата ја заврши Федерико Бернардечи.

Крилниот напаѓач на Јувентус ја проби десната страна на одбраната на Специја и центрираше на десетина метри од голот, а тука беше и Кјеза кој од прва шутираше кон голот.

Неговиот удар го одбрани голманот на домашната екипа, а потоа синот на легендарниот Енрико Кјеза маестрално ја удри топката зад грб додека паѓаше и ја испрати неодбранливо во мрежата.

Другите голови на Јувентус ги постигнаа Алваро Мората и Кристијано Роналдо.

Јувентус има 49 бода по 24 одиграни натпревари, седум помалку од водечкиот Интер и три помалку од второпласираниот Милан и целосно се врати во трката за титулата.

Слични содржини