Поголемиот дел од Штип веќе 24 часа нема вода за пиење

од Nikola Popovski

Голем дефект на главната водоводна линија во близина на филтер станицата го остави поголемиот дел на градот Штип, но и индустриските зони цели 24 часа без вода за пиење. Според информациите, речиси 80 отсто од градот е без вода за пиење од градскиот водовод.

Од ЈП „Исар“ вчера најавија дека водата ќе пристигне до крајот на денот, но градот и денеска осамна без вода за пиење.

„Ако се утврди дека дефектот на турбината за озонирање не може да се отстрани, тогаш ќе бидеме принудени да набавиме нова, за што службите веќе се ангажирани. Една таква турбина чини 1.200.000 денари“, вели директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев.

Граѓаните се револтирани, бидејќи ова се случува во време на пандемија, кога здравствените власти апелираат да се одржува хигиена.

Слични содржини