Погребот на принцот Филип: Вилијам и Хари нема да дојдат заедно

од Vladimir Zorba

Бакингемската палата го објави протоколот за погребот на принцот Филип, кој ќе мора да го следат сите присутни. Според него, принцовите Вилијам и Хари нема да дојдат заедно во капелата, и нема да стојат едни покрај други на погребот.

Нивниот братучед Питер Филипс ќе оди во поворката помеѓу принцот Вилијам и неговиот брат Хари.

Принцот Хари пристигна во Лондон од Калифорнија во неделата, каде што живее со сопругата Меган Маркл и синот Арчи во изминатата година. Во неодамнешното интервју за Опра, Хари призна дека има лоши односи со неговиот брат и остатокот од семејството. Раскинатата врска сега се влоши, откако Хари и Меган открија многу тајни на британското кралско семејство.

Погребот на принцот Филип е закажан за во сабота, а ова е првпат Хари да го види своето семејство по една година. Тој во моментов е во карантин, бидејќи пристигнал од Америка.

Ниту еден од членовите на кралското семејство нема да носи воена униформа, поради принцовите Ендру и Хари. Имено, Ендру остана без сите кралски привилегии по аферата со Џефри Епштајн, додека Хари ги загуби сите воени покровители со преселбата во Калифорнија.

Судот побара од сите присутни да ги почитуваат епидемиолошките мерки, па кралицата Елизабета, исто така, ќе носи маска за време на погребот и ќе го придружува ковчегот на нејзиниот сопруг.

Поради пандемијата на коронавирус, на погребот ќе присуствуваат само 30 лица – потесното семејство и најблиските соработници на принцот Филип.

Меѓу нив се и децата на кралицата и војводата од Единбург – Чарлс, Ана, Ендру, Едвард, нивните сопруги и деца. Најавено е и доаѓањето на Сара Чато, внуката на кралицата Елизабета, како и на неколку роднини на принцот Филип од Германија.

Пеењето на церемонијата нема да биде дозволено, а мал четиричлен хор ќе ја пее химната на Велика Британија.

Слични содржини