„Поинаков вид на зло“: Масовно убиство во Индијанаполис, меѓу жртвите и трудница

од Stefanija Kuzmanovska

Пет лица, меѓу кои и една бремена жена, беа убиени во куќа во Индијанаполис во очигледно целен напад, рече шефот на градската полиција, опишувајќи ги убиствата како „масовно убиство“ и „поинаков вид на зло“.

Полицијата соопшти дека станува збор за убиство со умисла.

Повикот за пукање полицијата го примила во 4:00 часот наутро по локално време, а по пристигнувањето на местото на настанот пронашле ранет тинејџер.

Полицијата подоцна добила информација дека пукање се случило и во соседна куќа каде биле пронајдени пет тела.

Локалната полиција и Федералното биро за истраги (ФБИ) се вклучени во истрагата.

Сè уште никој не е приведен, а полицијата не може да каже дали станува збор за еден или повеќе напаѓачи.

Градоначалникот на Индијанаполис Џо Хогсет изјави дека станува збор за масовно убиство.

Слични содржини