Поканата за влез во НАТО ја дигна Македонија на светските насловни

од desk4

Македонија  изби на сите насловни страници на светските медиуми и агенции.Веста  за поканата  на Македонија и започнувањето  на преговори за членство во НАТО дефинитивно  за сите е топ историски настан и за светските и балкански  лидери и за највлијателните  медиуми.

Американскиот „Вашингтон пост“ го пренесува текстот на „Асошиејтед прес“ во кој се вели дека НАТО ја
кани Македонија да ги почне преговорите за членство веднаш откако ќе биде решен спорот за името. „Блумберг“ излезе со анализа во која се вели дека НАТО ја ппокани Македонија со намера да се прошири во Југоисточна Европа и покрај противењето на Русија и критиките на амерканскиот претседател Доналд Трамп.

„Блумберг“ ја пренесува изјавата на првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг во која се вели дека веднаш откако ќе бидат завршени националните процедури околу договорот за промена на името земјата ќе стане 30. членка на НАТО.

Украинскиот „Киев пост“ пишува дека лидерите на НАТО ја поканиле Македонија да се зачлени во
пактот и дека ја реафирмирале одлуката од 2008 година во иднина и Грузија да стане дел од
алијансата.

Потврдена поканата за НАТО

 

Го поздравуваме договорот помеѓу Атина и Скопје и се согласивме да ја поканиме Владата во Скопје да започне пристапни преговори, откако ќе бидат заоркужени сите внатрешни процедури за да се финализира договорот земјата ќе влезе во НАТО како 30-та членка, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг на прес-конференцијата по првата сесија на северноатлантскиот совет на Самитот на НАТО

Учествуваќи како говорник на конференцијата „НАТО ангажмани: Дијалози на Самитот во Брисел“ Заев истакна дека откако денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг ја објави одлуката, следуваат обврските што треба да ги исполнат двете страни.

– Ние се обврзавме на референдум, бидејќи го менуваме уставното име. Референдумот би требало да се одржи кон крајот на септември, почетокот на октомври, потоа следуваат уставните измени, за што се потребни до сто дена според деловникот на Собранието, а потоа следува ратификацијата во грчкиот Парламент. Процесот е многу демократски, нормален и секако верувам дека нашите граѓани во голем процент ќе бидат за, порача премиерот Заев, на конференцијата, на која учествуваа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Никола Димитров, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и координаторот за НАТО Стево Пендаровски.

Слични содржини