Покрај Скопје-Софија, можно е авионско поврзување и со Варна

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информира е можно проширување на авиолинијата Скопје-Софија.

-Во тек на неодамншените разговори со тур-операторите зборувавме дека треба да се искористи секоја можност за поврзување и на Варна и на Охрид и Тирана, бидејќи можеме да создадеме заеднички туристички производи, кои исто така би биле важни за соработката во Коридорот 8, кој води кон развој на сите земји по неговата траса, изјави Бектеши кој е во посета на Бугарија.

Од 27 март ќе почне да сообраќа редовната авиолинија Софија – Скопје. Цената на билетот треба да ја одреди сопственикот на компанијата „Гуливер“ со чии авиони ќе се реализираат летовите.

Слични содржини