Пољански: Русија бара состанок на Советот за безбедност на ОН за нуклеарната централа Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska

Русија побара денеска Советот за безбедност на Обединетите нации да одржи итен состанок за ситуацијата во врска со нуклеарната централа Запорожје, изјави првиот заменик претставник на Русија во ОН, Дмитриј Пољански.

„Во врска со тековните украински провокации против нуклеарната централа Запорожје, побаравме итен состанок на Советот за безбедност на ОН за точката на дневниот ред за заканите по меѓународниот мир и безбедност. Побаравме од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да зборува на него“, напиша Пољански на Телеграм, пренесе агенцијата РИА Новости.

Нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа, е под контрола на руските сили од март, сè уште е блиску до првите линии на фронтот и беше подложена на повеќекратно гранатирање во последните недели, што ги зголеми стравувањата од нуклеарна катастрофа.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа.

Слични содржини