Поларниот вртлог се разбранува: Европа и Америка се загрозени од опасна временска непогода, каква што се случи во 2014

од Nikola Popovski

Бранот на ледено време од Арктикот, слично на она што се случи во 2014 година, им се заканува на Северна Америка, Европа и Азија од крајот на јануари.

Слична временска шема, позната како поларен вртлог, се случи во текот на зимата 2014 година, кога температурата во Чикаго падна на минус 27 степени Целзиусови и не е невообичаено студениот воздух од Арктикот да навлезе уште појужно, според извештајот на Блумберг.

Засега, во текот на оваа зима, студот генерално не се движи подалеку од Северниот пол.

Тод Крафорд, водечки метеоролог на „IBM“, истакнува дека по скоро двегодишно затишје, на северната хемисфера може повторно да биде загрозена од продирање на ледениот воздух од Арктикот.

„Очигледно ќе има возбудлив период со студени денови и обилен снег“, вели Крафорд. Сепак, метеоролозите не очекуваат брутален студ како оној зимата 2014 година, но тие предвидуваат постудени зимски денови.

Студениот воздух веќе навлезе во Западна Европа и Кина.

Во Париз, температурата е за 3,5 степени пониска од просекот за овој период од годината, во Мадрид е дури 6,9 степени Целзиусови постудено од вообичаеното, а во Пекинг температурата падна на рекордно ниско ниво, па така во четвртокот беше минус девет степени, според Тајлер Ројс, метеоролог од апликацијата „Акватер“.

Технички, ова се поларни вртлози кои кружат околу Арктикот и го држат студот заробен далеку на север, но со зголемувањето на температурите, познато како ненадејно стратосферско затоплување, студениот воздух може да го пробие поларниот „прстен“ и да се упати кон југ.

„Тоа носи студено време насекаде на северната хемисфера, иако, очигледно, оваа година ледениот бран најверојатно ќе остане само во САД“, посочува Рајан Тручел, претседател на компанијата „Винд Тајгер ЛЦЦ“.

Бројни метеоролози сугерираат дека нема гаранции дека предвидувањата за вакво студено време навистина ќе се остварат.

Слични содржини