Полеал полицајци со бензин, насобраните луѓе извикувале „Запалете ги“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
Драматична снимка од полициска интервенција во Есекс од мај минатата година, објавена во документарец на Би-Би-Си, шокираше многумина. На неа се гледаат осум полицајци кои еден жител ги полева со бензин, а останатите насобрани извикуваат: Запалете ги!

Целата ситуација започнала по дојава за опасното возење на моторциклист (17). Полициските службеници тргнале во потера и по помалку од 10 километри го фатиле. Бркањето привлекло голем број набљудувачи, а една жена (47) излегла од нејзиниот стан и ѝ се заканила на полицијата со чекан.

После неа, маж (28) дотрчал и истурил бензин врз осум полицајци. Еден од полицајците раскажал дека насобраните луѓе извикувале „Кој има кибрит“ и „Запалете ги“, но тие сепак не го напуштиле местото на настанот.

Околу 90 припадници на полицијата и пожарникари пристигнале на местото на настанот и успеале да ги спасат нападнатите полицајци. Неколку лица беа уапсени, а двајца полицајци завршија во болница затоа што проголтале бензин.

28-годишниот маж кој истурил бензин врз полицајците бил осуден на три години и девет месеци затвор, на малолетникот му била издадена забрана за возење следната една година, додека жената која се заканувала со чекан е осудена на девет месеци затвор со условна казна од 18 месеци поради поседување ладно оружје.

Слични содржини