Полицаец и дилер станаа глобален хит поради ФОТОГРАФИЈА направена при апсењето

од Stefanija Kuzmanovska
426 прегледи

Криминалците секогаш гледаат да ја избегнат раката на правдата, а често се случува нивното бегство и криење да станат вирален хит на социјалните мрежи, благодарение на нивната бизарност или генијалност. Токму затоа еден човек од Британија стана вистински светски хит и тоа поради начинот на кој се обиде да се сокрие од полицијата.

Етмонд Лика (32), по потекло од Албанија, е уапсен во пошироката област на Ливерпул, во областа Киркдејл, откако се обидел да побегне од полициска патрола. Но, пред апсењето, тој за малку ќе се спасел од полицијата качувајќи се на покривот од куќата во која бил баран. Во таа прилика, тој се сокрил над кровниот прозорец, лежејќи на покривот.

Во еден момент до прозорецот дошол полицаец и ја свртел главата лево-десно, обидувајќи се да види дали Лика е можеби таму. Она што не го знаеше е фактот дека тој беше буквално над него, со грб залепен до покривот.

Токму во тој момент, додека Лика лежеше на покривот, а полицаецот го бараше со поглед, се создаде речиси нереална слика, која стана глобален хит набргу откако полицијата ја објави.

Лика на крајот беше уапсен и осуден на две години и четири месеци под обвинение дека се занимавал со одгледување, производство и продажба на марихуана. На суд призна се за што беше обвинет.

Слични содржини