Полицијата го фатила како продава дрога – голтнал две пакувања мислејќи дека ќе се спаси

од Nikola Popovski
40 прегледи

На 10.11.2024 во Велес полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода М.Т.(48) и Ѓ.Д.(39), двајцата од Велес. Околу 09.00 часот, Ѓ.Д. бил затекнат како му продава две пакувања со кафена прашкаста материја на М.Т., кој пак ги проголтал пакувањата откако ги забележал полициските службеници, по што бил пренесен во болница во Велес.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на Ѓ.Д., при што биле пронајдени и одземени 14 пакувања со кафеава прашкаста материја и пари.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обивнител, против Ѓ.Д. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.

Слични содржини