Полицијата го крши член 21 од Уставот забранува протест -граѓаните блокираат раскрсници

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Откако не успеаа пред Владата, и тргнаа кон Обвинителството, демонстрантите ги дочека кордон полиција и на кејот од страната на Јавното обвинителство и не дозволи демонстрантите да се доближат до зградата на Обвинителство.. По ова демонстрантите се упатија кон Собранието.timthumb (47)

Ова е кршење на член 21 од Уставот во кој стои следното:

Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.

 

Некои од демонстрантите им го читаат Уставот и уставното право на полицајците и им делат цвеќиња, но тоа не допира  веројатно преку околопот и чипуваната наредба.
IMG_20150506_190431

Граѓаните во ист стил како и полицијата ги блокираат крсносниците во центарот во Скопје.

Седнати на асфалтот го искажуваат своето незадоволство од односот на полицијата која не им дозволи да протестираат пред Влада и пред Јавното обвинителство. Возачите им дадоа поддршка со свирежи и поздрав со рака. Полицијата го пренасочува сообраќајот.

Протестот пред Собранието тече мирно.

IMG_20150506_185256

Слични содржини