Политичар искрши гласачка кутија во Србија (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Поранешниот функционер на движењето Двери Срѓан Ного денеска на референдумот во Србија искрши гласачка кутија.

Тој влезе на гласачкото место, го оствари своето право на глас и откако го пушти гласачкото ливче, ја зеде кутијата и ја удри од земја. По ова, тој бил приведен и задржан во полиција како осомничен за делото „спречување на одржување на гласањето“.

Во Србија денеска се одржа референдум за уставни промени во сферата на правосудството. Избирачките места беа отворени до 20 часот, а до 18 часот, излезноста била 25 %.

Слични содржини