Политичари се жртви на коронавирусот: Во Иран се заразени функционери, советничка од Грција ставена во карантин

од Nikola Popovski

Првиот случај на коронавирус беше потврден денес во Грција. Се работи за 38-годишна жена, за која се вели дека е моден дизајнер, но и политичар и пристигнала од Милано во неделата.

Ова значи дека таа е третиот политичар што е заразен со вирусот корона за само неколку дена, бидејќи се утврди претходно дека двајца функционери од Иран се позитивни за вирусот.

Жената која е заразена е во изолација во универзитетската болница „Аепа“ во Солун и е во добра состојба.

Сите оние кои патувале со неа, како и оние со кои таа стапила во контакт, ќе бидат тестирани како превентивна мерка, вклучително и членовите на Градското собрание кои присуствуваа на нејзиниот состанок во понеделникот вечер.

Ирај Харирчи, заменик министер за здравство на Иран, исто така има коронавирус. Харирчи од почетокот бил на „борбената линија“, според медиумите кои објавија дека кај него е регистриран опасниот вирус.

На интернет се појави видео на кое се гледа како Харичи се поти на прес-конференција, обидувајќи се да ги задржи нозете.

„Сакав да ви кажам дека и јас имам коронавирус. Имав треска вчера. Тестовите што ги направив беа во текот на истиот ден и се позитивни. Веднаш отидов во. Почнувам со третман. Сега сум добро. Останете уверени дека ќе ја победиме болеста, ви велам од срце. Грижете се за себе.

Ова е демократски вирус. Не е важно дали сте богати или сиромашни, во позиција или не, ова може да ви се случи. Обрнете внимание на себе си, обрнете внимание на лекарите и медицинските сестри кои ги ризикуваат своите животи за вас.

Ги следам сите упатства што ми ги дадоа лекарите. Се надевам дека ќе се опоравам наскоро и ќе се вратам на работа за да ви помогнам исто така, драги мои. Збогум, за сега„,рече тој.

Иранскиот пратеник Махмуд Садеги е исто така позитивен со новиот вирус.

„Мојот тест за коронавирус е позитивен … Немам многу надеж дека ќе го продолжам животот на овој свет“,напиша Махмуд Садеги на Твитер.

Слични содржини