Политичка бура во Хрватка поради масоните; Министерот за правда: Ако државниот обвинител не поднесе оставка, ќе разгледаме натамошни чекори

од Nikola Popovski

Хрватскиот министер за правда, Дражен Бошњаковиќ, рече дека очекува државниот правобранител, Дражен Јелениќ да си поднесе оставка заради членството во Масонската ложа.

„Тоа членство потенцијално создава ризик“, рече Бошњаковиќ пред новинарите во Загреб.

Тој истакна дека членството на државниот обвинител во такво здружение е неприфатливо, без оглед на тоа што е заведено според хрватскиот закон.

„Активноста и членството во такви групи е опфатено со превез на тајност и претставува потенцијален ризик за постапките на јавниот правобранител и на другите луѓе кои се членови на вакви организации“, рече Бошњаковиќ.

Тој додаде дека Владата не била свесна за членството на Јелениќ во Масонската ложа и дека доколку Јелиниќ не даде оставка, Владата ќе разгледа дополнителни чекори.

Признавањето на хрватскиот јавен обвинител Дражен Јелениќ дека е член на Масонската ложа предизвика низа реакции, при што медиумите го доведоа во прашање неговиот кредибилитет и непристрасност.

Јелиниќ утрово изјави дека засега не размислува да си даде оставка и дека стана масон, затоа што тоа го „импресионирало“.

Слични содржини