„Политико“: Естонија со пари од ЕУ купува нова воена опрема, а старата ја испраќа во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Сојузниците на Естонија во Европската унија го доведуваат во прашање издвојувањето на земјата за оружје кое таа ѝ го испраќа на Украина, сугерирајќи дека буџетот на Талин далеку ги надминува сите останати, бидејќи ги користи средствата од ЕУ за значително да ја надгради својата војска преку шема за поврат на парите, пренесува „Политико“.

Според гореспоменатиот медиум, Естонија инсистира нејзините барања за ново оружје да се усогласат со правилата за замена на витална опрема и едноставно да го одразуваат нејзиниот голем придонес во војната, но нејзините критичари забележуваат дека шемата на ЕУ би била под голем притисок доколку сите земји, особено оние поголемите, ја користат истата методологија како Талин.

Иако Литванија и Летонија исто така дадоа слични придонеси за Украина, во износ од околу 400 милиони евра или повеќе, нивните барања од фондот се далеку помали.

Слични содржини