„Политико“: Не е клучен Вархеји во преговорите помеѓу С.Македонија и Бугарија, туку Германија

Во рамки на својата анализа,Политико пишува дека еврокомесарот за доврососедство и проширување, Оливер Вархеји,не се покажува како клучен во работата на Европската комисија.

Имено, оцената е дека Вархеји не е пресуден за остранување на блокадата помеѓу Бугарија и С.Македонија, и дека за тоа се прашува германското претседателство.

Според Политико, еврокомесарот се вели дека е поблаг кон Софија, односно не Европската народна партија не е доволно остра кон премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Кога зборува за Србија, изгледа е подготвен да ги затвори очите поради блиските врски на Србија и Унгарија во енергетскиот сектор, вели дипломат.

„Блокадата на Бугарија за почнување на преговори за членство во ЕУ на С Македонија, поради билатералниот спор околу јазикот и идентитетот, ѝ зададе удар на Комисијата, чија цел беше да ги стартува преговорите до крајот на годинава. Некои дипломати го обвинуваат Вархеји дека е премногу мек кон Софија, но повеќето велат дека главниот проблем е што ЕПП не беше доволно тврда кон бугарскиот премиер Бојко Борисов. Вархеји е критикуван дека повеќе е наклонет кон унгарските интереси отколку кон интересите на ЕУ како целина“, пишува „Политико“ и додава:

„Додека тоа не се случи, поголем дел од неговата работа е практично замрзната“.

Слични содржини