Полицаец фрли девојка преку банкина во Србија (ВИДЕО)

од Milan1

Во Србија на патот кај Сава Центар, кој беше блокиран на денешниот протест, евидентиран е инцидент, односно полицаец од интервентната единица физички го извлекол девојчето од коловозот и го фрлил преку тротоар.

Во цела Србија денеска беше организирана блокада на клучни патишта во знак на протест против усвојувањето на законот за експропријација на земјиштето и законот за референдум, кои според експертската јавност биле „скроени“ во корист на Рио Тинто, кој планира да го експлатира литиумот во западна Србија.

На еден од патиштата камерата снимила употреба на сила од страна на полицаец кој, како што може да се види, ја извлекол девојката од патот, а потоа ја префрлил преку тротоарот.

Слични содржини