Вчера околу 10.30 часот во СВР-Тетово било пријавено дека 37-годишниот полицаец Ш.С. испукал куршум додека правел проверка на службениот пиштол, наведено е во полицискиот билтен.

„Вчера околу 10.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во работна канцеларија на СВР Тетово, полицискиот службеник Ш.С.(37), вршејќи проверка на службениот пиштол, испукал еден куршум кој завршил во подот пред влезната врата. Повредени лица нема. Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во билтенот.

Слични содржини