Полицаец ладнокрвно уби колега во Тирана (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Полицаецот Лудијам Заими со службен пиштол застрелал колега во полициска станица во Тирана.

Албанската телевизија „Еуроњуз“ објави видео снимки од безбедносните камери на кои се гледа убиството што се случи во понеделникот околу 21 часот.

На него се гледа полициска станица, и неколку полицајци. Во еден момент, полицаецот Салиани излегува од станицата и седнува на скалите, а потоа и Заими кој вади пиштол и пука неколку куршуми кон колегата.

Заими по убиството се обидел да избега, но набрзо бил фатен.

Како мотив за убиството се споменуваат банални расправии.

Слични содржини