Полицаец обвинет за убиството на Афроамериканката Бреона Тејлор

од Nikola Popovski

Судот во Кентаки покрена обвинение против полицаец кој учествувал во убиството на афроамериканката Бреона Тејлор во нејзиниот дом во Луисвил, Кентаки, на почетокот на оваа година.

Толпа луѓе собрани пред судот бурно реагирале на одлуката на поротата да покрене обвинение против еден од полицајците, Брет Ханкинсон, кој заедно со неговите колеги упаднале во домот на Тејлор и ја убиле.

Случајот со Тејлор, како и убиството на Џорџ Флојд, предизвика протести низ САД, со барање американските власти да се борат против полициската бруталност и расизам, како и тројцата полицајци кои пукаа во Тејлор да бидат уапсени за убиство.

Тејлор, медицинска сестра во ургентен центар, била убиена на 13 март кога полицијата влегле во нејзиниот стан без налог како дел од истрагата за нејзиното поранешно момче. Тејлор спиела кога полицајците упаднале во нејзиниот стан. Бидејќи не се претставиле, нејзиното момче Кенет Вокер пукало во нив, верувајќи дека се провалници. Еден офицер бил застрелан во ногата, додека другите отвориле оган кон Вокер и Тејлор.

Ханкинсон бил отпуштен од полицијата откако истрагата утврдила дека тој на слепо испукал неколку куршуми во станот. Другите двајца полицајци кои пукале таа вечер – Џонатан Метингли и Мајлс Косгров, не биле обвинети.

Слични содржини