Полицаец почина по нападот кај Капитол

од Vladimir Zorba

Еден полицаец им подлегна на повредите по нападот кај Капитол во Вашингтон во петокот, соопшти полицијата, додавајќи дека напаѓачот исто така е мртов.

„Еден од двајцата повредени полицајци им подлегна на повредите“, рече началникот на полицијата во Капитол, Јогананда Питман на прес-конференција.

Осомничениот со автомобил удрил во полицијата, а потоа излегол од возилото вооружен со нож. Полицијата отворила оган кон него и го усмртила, објасни таа.

Полицијата соопшти дека верува оти инцидентот не е поврзан со тероризам.

Слични содржини