Полицаец повреден во сообраќајка во Скопје – со тешки повреди пренесен на Клиника

од Andreja Salpe

Полицаец повреден во сообраќајка во Скопје.

– На 25.05.2021 во 08.35 часот на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл сопственост на МВР и патничко моторно возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(37) од Скопје, велат од МВР.

Во незгодата, полицискиот службеник-мотоциклист се здобил со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.    

Слични содржини