Полицаец удрил во 63-годишен пешак на паркинг

од Vladimir Zorba

Полицаец со полициско возило „дачија“ вчера удрил во 63-годишен пешак на паркинг во Скопје.

Според информациите, инцидентот се случил на паркинг простор на ул. Димче Мирчев, кога полицаецот С.С. (45) удрил во Г.Ј.(63) од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини