Полицаецот кој го уби Флојд бара ново судење: Адвокатот тврди дека не било фер

од Берта Китинска

Поранешниот полицаец во Минеаполис, Дерек Шовин, осуден за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд, што предизвика масовни протести против расизмот, побара ново судење во вторник.

Адвокатот на Шовин, Ерик Нелсон тврди дека судењето не било фер и дека пресудата не била во согласност со законот, пренесува Ројтерс.

На 20 април, по три недели судење, Шовин беше прогласен за виновен по сите три точки од обвинението, вклучително и онаа за убиство.

Флојд почина откако Шовин го притисна коленото над вратот повеќе од девет минути.

loading...

Слични содржини