Полицајка фотографирана полугола, МВР покрена дисциплинска постапка (фото)

од Берта Китинска

Вработена во Министерството за внатрешни работи (МВР) се сликала  полугола  во униформа, а притоа оваа невкусна фотографија ја објавила на социјалните мрежи.

Се работи за полициската службеничка В.Г. која што била вработена во министерството пред 11 години, односно во јануари 2009, а против неа сега е покрената дисциплинска постапка, пренесе А1 ОН.

За вакво однесување, во мај годинава беше казнета и Кумановка, вработена во МВР, која беше опомената за своето скандалозно однесување, таа возеше автомобил со нозе преку прозор и качени на управувачот, а при тоа се снимала, а видеото потоа се рашири и по социјалните мрежи.

Од МВР изјавиле дека случајот е веќе пријавен и дека надлежните служби веќе постапуваат.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапува во врска со случајот за кој прашувате – изјавиле кратко од МВР.

Слични содржини