Полицајка нападната во Скопје

од Берта Китинска

Полицајка е нападната во Скопје додека си ја вршела работата.

Вчера во 13:35 часот на улицата ‘„Бранислав Нушиќ’, 45-годишниот Ф.П. агресивно се однесувал и ја навредувал полицајката.

Ќе биде поднесена пријава кон лицето Ф.П. по член 4 и член 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Ова не е прв ваков случај во земјава. Напади на полицајци имаше во Скопје, а неодамна полицаец беше нападнат во Велес, при што напаѓачот му го одзел пиштолот, и пукал во него. Нападната била и друга полицајка која била со него, поради што од синдикатот побараа поголема заштита и построги казни за напаѓачите.

Слични содржини